Во Кичево доставени 724 барања за социјална помош

На само еден ден пред истекот на рокот до Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Кичево доставени се 724 барања за обновување, односно продолжување на веќе оствареното право на социјална помош, информираат од инстуитуцијата.
Оттаму им препорачуваат на сите кои сметаат дека може да го остварат ова право да не го чекаат последниот ден за да достават барање. Со себе треба да носат само лична карта и да дадат изјава за согласност за користење на нивните лични податоци во постапката за остварување на правото на социјална заштита. Сите други документи институциите ќе ги прибават по службена должност.
Минатата година ова право го оствариле ист број корисници, односно 724. Бидејќи барањата за годинава ќе се разгледуваат од страна на службите, бројот може да се намали доколку некој не ги исполнува условите или, пак, да порасне, имајќи во предвид дека утре е последен ден за доставување на барањата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
