Во Кавадарци се одржа Младински филмски фестивал
Со проекција на осум кратки филмови од млади режисери од Македонија синоќа во Домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци се одржа Младинскиот филмски фестивал.
Проектирани биле филмовите „Долорес" од Радован Петровиќ, „Зелени ѕидови, црна храна" на Сандра Ѓорѓиева, „Уште едно кафе" и "Ќе бидеш жена наскоро" од Ѓорѓи Лазов, „Збогум" на Пеце Здравковски, „Аудиција" од Лавинија Софрониевска, „Среќниот ден на Лаки" на Викторија Витанова и „Ѕвонче" од Димитар Јанкоски.
-Настанот е всушност само една од петте иницијативи на групи млади од Кавадарци во соработка со Младинската асоцијација „Креактив”, преку проектот „Икмакт", а со поддршка на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество, појасни Александра Ристова, координатор во “„реактив”.
Целта на Фестивалот е да се претстават кратки филмови од талентирани млади.
-Во Македонија годишно се изработуваат многу краткометражни филмови од кои голем број се од студенти, но тие остануваат неоткриени од пошироката публика во нашата држава. Токму поради тие причини се решивме на една ваква проекција, рече Ѓорѓи Лазов, еден од иницијаторите, режисер и долги години активист во „Креактив”.
Ново на Сител
-
Роналдо е првиот играч во историјата кој постигнал 600 голови на врвно ниво
-
Погба може да ја продолжи кариерата во САД или Саудиска Арабија
-
Милитао ќе ги пропушти натпреварите во Бразил поради повреда
-
ЦУК: Два пожара на отворено, во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување
-
Српскиот премиер Вучевиќ во посета на земјава, најавено потпишување меморандум за соработка во енергетиката
-
Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем
-
Фицо: Украина нема да стане членка на НАТО се додека сум јас премиер
-
Џонсон одби да признае дека Трамп ги загубил изборите во 2020