Македонија
7. March 2017 - 10:12

Во Кавадарци прикажана комедија на Театар Крик

Во Домот на културата „Иван Мазов- Климе“ од Кавадарци синоќа премиерно беше прикажана комедијата во изведба на приватната продукција Театар Крик од Скопје. Во претставата играат Мирјана Поповска Ристов, Роберт Ристов и Дарко Вељиќ, а режијата е на Ѓорѓи Ризески.

- Се работи за реално шоу во кое во центарот на вниманието се двајца во поодминати години, триесетгодишна девојка која е решена до својот триесетти роденден да се мажи и маж со еден неуспешен брак зад себе, решен никогаш повеќе да не влезе во брачните води, изјави Ристов, кој е еден од тројцата основачи на оваа театарска трупа.