-->
-->
Во Кавадарци од 2011 година досега поднесени 7.249 барања за легализација на дивоградби
-->

Во Кавадарци од 2011 година досега поднесени се 7.249 барања за легализација на бесправно изградени објекти, информираше денеска Анета Ташева од Локална самоуправа Кавадарци.
- Илјада петстотини и шеесет предмети се завршени и донесени се решенија за легализација. Во постапка за легализација се 2.700 предмети. Поради некомплетна документација, прекината е постапката за легализација кај 2.983 предмети. Одбиени се 6 барања поднесени од сопственици на нелегално изградени објекти, соопшти Ташева.
Таа додаде дека согласно на измените на старото законско решение, геодетските елаборати требаше да се доставуваат до 31 декември оваа година, а со новите законски одредби, овој рок е продолжен до 31 декември наредната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
