Македонија
5. December 2015 - 14:19

Во Кавадарци Марш на волонтерите

Марш на волонтерите се одржа денеска во Кавадарци, по повод 5-ти Декември - Меѓународниот ден на волонтеризмот.

Настанот беше во организација на Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво.

- Целта е да се нагласи значењето на спортот како здрав начин на живот и тој да биде изборот на младите, а не пороците, рече Димитар Каракулев, претседател на Советот.

Во маршот учествуваа волонтери од невладини организции, спортисти, рекреативци и обични граѓани кои решија низ дружење заеднички да го поминат овој ден. Тргнувањето беше кај спортскала сала „Јасмин”, а учесниците во маршот поминаа околу 8 километри, до месноста Љубаш и назад. Одмараа крај црквата „Свети Спас”.