Во Карпош интензивирани контроли за спречување на загадувањето

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев апелираше денеска до граѓаните од оваа општина да не палат стрништа, бидејќи Градот Скопје има обезбедено служби што бесплатно ќе ги чистат стрништата.
Апелот следи откако граѓани реагираа за појава на чад и миризба во Нерези, Влае, Тафталиџе 2 и Карпош 4, за што Богоев рече дека, според информациите со кои располага, станува збор за чад кој доаѓа од атарот на Општина Сарај и околината.
– За овој проблем разговарав со службите од Град Скопје, и пријавивме во градскиот инспекторат, да излезат на терен и да направат увид на состојбата, и секако доколку има причина, да се преземат соодветни мерки и санкции. Упатувам апел до граѓаните од оваа Општина, кои се земјоделци, да не ги палат т.н стрништа, за да ги подготват своите ниви за сеидба, да не го прават, тоа бидејќи Градот Скопје, има обезбедено служби кои бесплатно ќе ги исчистат стрништата. На тој начин, сите ќе придонесеме за заштита и чување на животната средина, истакна Богоев.
Како што соопшти прес-службата на Карпопш, Богоев нагласи дека се засилени инспекциските контроли, и во соработка со ПС Карпош, се интензивирани полициските патроли, долж кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Газела“, и во населбата Злокуќани, односно на тие локациски точки, кои и во минатото беа „извор“ на загадување, т.е каде што имаше палење на отпад, шут и гуми.
Потенцира дека заштитата на животната средина и околина и во иднина ќе биде еден од главните приоритети на локалната самоуправа, во текот на целата година, а не само во критичните зимски месеци, кога загадувањето е најголемо на територијата на Градот Скопје, и низ целата земја.
Општината соопшти дека од денеска од 15:30 до 23:30 часот, ќе патролираат редовни инспекциски контроли од Општина Карпош, и доколку граѓаните имаат проблем со чад од палење и миризба предизвикана од истото, можат да пријават на телефонот на општинските инспекциски служби 078 257 640 до 23:00 часот. А доколку сакаат да пријават по 23:30 часот, да го сторат тоа на 193 во Противпожарна служба на Град Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
