Во карантин во Кина се ставени 95 руски морнари, кај еден имало антитела на коронавирус
Кинеските власти во карантин ставиле 95 руски државјани, морнари од рибарскиот брод „Сивинд“, по тестирањата од кои се утврило дека еден морнар имал антитела на коронавирусот.
-Бродот на 26 јуни го повика пристаништето Далијан, а членовите на екипажот беа тестирани за коронавирус како дел од контролната постапка. Антитела на инфекцијата биле пронајдени во крвта на еден морнар, изјави Антон Исаков, трет секретар на рускиот конзулат во Шењанг, пренесе Тасс.
Локалните власти одлучиле екипажот на бродот да го стават во карантин бидејќи постоел ризик другите морнари да се заразат.
Исаков забележува дека е можно морнарот да имал коронавирус пред многу време и дека развил антитела.
Морнарите ќе бидат во двонеделен карантин во еден локален хотел, додека на бродот останале само минимален број членови на екипажот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток