Свет
7. May 2016 - 14:21

Во Каиро осудени на смрт шест лица за шпионажа во корист на Катар

Шестмина поранешни раководни кадри на забранетата група „Муслимански браќа" во Египет беа осудени денеска на смрт под обвинение за шпионажа во корист на Катар, пренесе ТАСС.

Сега пресудите мора да добијат одобрение од високиот муфтија на Египет.

Судот го одложи за 18 јуни објавувањето на пресудите против главниот обвинет во случајот - поранешниот претседател Мохамед Морси, и против уште четворица обвинети.