Свет
22. August 2015 - 10:45

Во Јемен убиени десетици цивили

Десетици цивили биле убиени во Јемен при воздушните напади, изведени сунитска коалиција против шиитските бунтовници предводена од Саудиска Арабија, пренесува БТА.

Меѓународната невладина организација „Лекари без граници" соопшти за 65 загинати при бомбардирањето во стратешкиот југозападен град Таиз, вклучувајќи 17 деца и 20 жени.
   
Многумина од повредените не успеале да отидат во болница.

Западните медиуми соопштуваат и за огромен број куќи, разурнати до темел.