Во јануари издадени 189 одобренија за градење
- Во јануари годинава се издадени 189 одобренија за градење, што е за 48,6 проценти помалку во однос на јануари лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.412.194.000 денари, што е за 54,1 процент помалку во однос на јануари минатата година.
Како што укажуваат од ДЗС, намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење експресен пат во Источниот регион.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 132 (69,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 20 (10,6 проценти) за нискоградба, а 37 (19,6 проценти) за објекти за реконструкција.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 233 станови, со вкупна корисна површина од 24.943 метри квадратни.
Кај 140 објекти (74,1 процент) инвеститори се физички лица, а на 49 (25,9 проценти) деловни субјекти
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец