Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
Триесет и осум лица загинаа во израелски напади во различни подрачја во Појасот Газа, објави денеска палестинска новинска агенција.
Меѓу жртвите имало 13 Палестинци кои ја придружувале испораката на помош во јужниот дел на крајбрежниот појас, според агенцијата.
Други, наводно, биле убиени во напади врз централна и северна Газа, вклучувајќи жени и деца.
Израелската војска соопшти дека „извршила прецизни напади врз вооружени терористи на Хамас собрани на две различни точки за состаноци во јужниот дел на Газа“, откако добила разузнавачки информации за нивното присуство.
„Терористите оперираа на хуманитарниот коридор во јужниот дел на Појасот Газа“, додаде војската. Целта на нападот била „да се обезбеди безбедно доставување хуманитарна помош за цивилите“.
Милитантите на Хамас планирале „насилно да киднапираат камиони со хуманитарна помош“, напишаа израелските одбранбени сили.
Ново на Сител
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Кичево
-
Епидемија на грип во пет области во Бугарија
-
Голем број дојави за подметнати бомби во училишта низ Бугарија
-
Го оштетиле Буџетот за 11.004.500 денари - Финансиска полиција со кривична пријава за едно физичко и едно правно лице
-
Земјотрес со јачина од 5,1 степен на грчкиот остров Лезбос
-
Зеленски бара европски мировници за обезбедување траен мир
-
Бројот на жртви во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 28
-
Најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка