Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
Најмалку 24 лица загинаа, а 93 други се ранети кога израелските воздушни напади врз џамија и училиште во кое се засолниле раселените луѓе во Појасот Газа рано утрото во неделата, соопшти владината канцеларија за медиуми во Газа, управувана од Хамас.
Цивилната одбрана на Газа во неделата извести дека 21 лице загинало во израелски напад врз џамија која била претворена во засолниште за раселените луѓе во Деир ал-Балах.
„Бројот на загинатите се искачи на 21 и голем број ранети по бомбардирањето на џамијата во која се сместени раселени лица, пред влезот на болницата на Мачениците ал-Акса во Деир ал-Балах, во центарот на Појасот Газа “, рече портпаролот на Цивилната заштита Махмуд Басал.
Нападот на џамијата се случи во пресрет на првата годишнина од конфликтот во кој израелските сили речиси целосно ја уништија палестинската енклава.
Во соопштението на израелската војска се вели дека „извршила прецизен напад против терористите на Хамас кои дејствувале во командно-контролен центар вграден во структура која претходно служела како џамија Шухада ал-Акса во областа Деир ал-Балах.
Ново на Сител
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина