Бизнис
16. March 2023 - 10:22

Во изминатото деноноќие произведени се 16.307 MWh електрична енергија

АД ЕСМ  вчера произведe 16.307 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Како што информираат денеска од владината прес-служба, во термоелектраните произведени се 10.236 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.071 MWh.