Во Италија запленета албанска марихуана вредна три милиони евра

Италијнската полиција во областа Катанија заплени над тон марихуана по потекло од Албанија.
Италијанските медиуми, како пти јави дописникот на МИА, наведуваат дека дрогата пристигала од Албанија со моторен чамец и на италијанскиот нарко пазар требала да биде продавана на мало.
Вредноста на запленетата дрога се проценува на три милиони евра, а во кацијата се уапсени и шест италијански државјани.
Грчката полицијата пак заплени 180 килограми марихуана, исто така прошверцувана од Албанија.
Уапсени се двајца грчки државјани на возраст од 26 и 33 години, во чие возило била дрогата. Тие признале дека дрогата ја набавиле во Албанија.
Пред два дена италијанската полиција во пристанишниот град Бари запленила 1.550 килограми марихуана прошверцувана од Албанија, додека истиот ден во три одделени акции, албанската полиција, заплени 320 килограми од оваа дрога.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
