Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
Втората група од седум мигранти, кои беа сместени во кампот Ѓадр во албанскиот округ Лежа, го напушти кампот и пристигна во италијанското пристаниште Бриндизи.
Од Ѓадр до пристаништето Шенѓин, каде се наоѓа прифатниот центар, биле пренесени со полициски комбиња, а од таму за Италија со бродот на крајбрежната стража „Висали“.
Тоа следува по вчерашната одлука на имиграцискиот оддел на Судот во Рим кој одлучил случајот да го испрати до Судот на правдата на ЕУ.
– Одделот за имиграција на судот во Рим одлучи да го упати до Европскиот суд на правдата прашањето за имигрантите, кои според договорот Италија-Албанија ќе се сместуваат во кампот во Ѓадр во Албанија, со што ја суспендираше мерката на важност, објавија вчера албанските медиуми.
Како што е наведено, заедно со мигрантите си заминал и дел од италијанскиот персонал кој беше ангажиран во прифатниот центар во Шенѓин и кампот во Ѓадер.
Стануна збор за повеќе од 80 лица, главно од обезбедувањето, за кои се уште не се знае дали ќе бидат заменети со други лица.
Во меѓувреме, италијанското Министерство за внатрешни работи, од своја страна, ќе се појави пред Европскиот суд на правдата за да го аргументира случајот, но времето за решавање, како што се наведува, ќе биде долго.
Инаку, со бродот „Либра” во петокот во Шенѓин пристигна втората група од осум мигранти, шестмина од Египет и двајца од Бангладеш. По проверката, еден од нив поради лоша здравствена состојба беше веднаш вратен, останатите седум беа сместени во прифатниот центар во Ѓадр.
Првата група пристигна на 16. минатиот месец и ја сочинуваа 16 мигранти од Египет и Бангладеш, од кои четворица мораше веднаш да бидат вратени во Италија, бидејќи две беа малолетни лица, додека двајца беа со влошена здравствена состојба.
Но, само ден по сместувањето и останатите 12 беа вратени назад по одлуката на судот во Рим дека двете земји на нивно потекло не се во списокот на безбедни земји
Според договорот во кампот во Ѓадр ќе може да се сместат три илјади мигранти месечно или 36 илјади годишно, кои тука ќе го чекаат одговорот за азил од италијанските власти.
Договорот на 6 ноември минатата година во Рим го потпишаа италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзиниот албански колега Еди Рама, со важност од пет години и можност за продолжување. Парламентите на двете земји го ратификуваа и покрај противењето на опозициските пратеници во двата законодавни дома.
Ново на Сител
-
Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го срозија животниот стандард на граѓаните
-
Папата Франциск хоспитализиран поради бронхитис
-
Отворен дежурен педијатриски пункт во поликлиниката Бит Пазар
-
Во Хрватска минатата година за 100 отсто е зголемен бројот на доброволци за служење воен рок
-
Казнети 809 возачи, 264 за погрешно паркирање, 232 за брзо возење, 56 возеле без возачка
-
Никола Груевски за Фросина и други потенцијални жртви, за Игор Југ и Зоран Заев
-
Преку Бугарија транзитирани рекордни количества на руски гас