Свет
2. March 2018 - 9:18

Во Италија уапсени 25 припадници на мафијата Ндрангета

Италијанската полиција приведе 25 припадници на мафијашката организација Ндрангета и заплени пет тони дрога, чија вредност се проценува на десетина милиони евра.

Од 25 уапсени, 11 се задржани во притвор, меѓу кои и локални мафијашки шефови, кои се товарат за организирање канали за шверц на дрога по кои марихуана од Албанија е носена во Италија и оттаму во западна Европа.

Италијанската полиција соопшти дека шефовите на мафијата воспоставиле контакт со криминалци од Албанија, организирале производство на марихуана и други наркотици и на разни начини ја внесувале во Италија. Останатите седум лица се пуштен во домашен притвор.

Во акцијата, освен пет тони дрога, запленети се и четири глисери и камион.