Во Италија уапсен Албанец кој извикувал ИД и повредил полицаец
Полицијата во италијанскот град Римини уапси Албанец, кој, кога му побараle документи почнал да се заканува и да извикува „Исламска држава“ и да ја велича оваа терористичка организација, а во рака држел медал со натпис на арапски јазик.
Како шо јави електронското издание на тиранскиот весник „Шекули“ станува збор за 21-годишно момче кое е уапсно во стан во споменатиот италјански град, кога полицијата дошла да го котролира неговиот пријател кому претходно му била изречена мерка домашен притвор.
- Италијанската полиција го контролирала лицето кое било во домашен притвор. Во станот го затекнала 21-годишниот Албанец, чиј идентитет не се наведува, кој почнал да и се спротивставува на полицијата при што еден од полицајците бил и лесно повреден со железен предмет, пишува „Шекули“.
Уапсениот Албанец е во притвор. Пред судот ќе одговара за поддршка на ИД, како и за попречување и повреда на службено лице при вршење на службена должност.
Ново на Сител
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови