Во Италија судовите донесоа „онлајн развод’
Пандемијата на Ковид-19 влијае на сите аспекти од животот, па карантинот во Италија го зголеми и бројот на оние што чекаат за развод до толкава мера што не можат да се решат со редовна постапка пред судија, па некои судови се одлучија на развод преку интернет.
Судовите се преполни со барања за развод, па некои италијански градови, Торино, Верчели, Верона, Монца, одлучија да донесат пресуда за развод и да ја испратат до заинтересираните страни по електронска пошта. И така, барем за сега, во вонредна ситуација, озаконет е и развод „онлајн“.
Во Италија, според податоците на Институтот за статистика, годишно се разведуваат околу 350 илјади луѓе, а за конечна одлука, дури и во нормални околности се чека долго. Откако во 2015 година во Италија е донесен закон за „брз развод“, ситуацијата е подобрена. По донесувањето на законот за „брз развод“, нагло се зголеми бројот на барања за развод, од 50 илјади на 80 илјади, за да се стабилизира во последните години на 90 илјади барања за развод годишно.
Се уште нема податоци за тоа колку ќе влијае карантинот, или ќе им на двојките да донесат одлука дека не можат повеќе да живеат заедно. Весникот „Авенире“ наведува дека новата мерка, „развод онлајн“ може да поттикне многумина побрзо да се одлучат на тој чекор, а се спомнуваат и некои судови кои веќе заговараат „развод онлајн“ да продолжи и после пандемијата на коронавирусот.
Законот за развод во Италија беше донесен во 1970 година и покрај противењето на тогашните моќни христијански демократи. Дури и денес, потребно е околу една година за две лица конечно да се разведат, а процесот чини од 800 до 2.000 евра по човек.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз