-->
-->
Во Италија приведени 202 осомничени членови и помагачи на Ндрангета
-->

Во денешната рација на италијанската државна полиција, карабинерите и финансиската полиција во градот Козенца приведени се 202 осомничени членови и помагачи на мафијата Ндрангета.
Тие се уапсени под обвинение за членство во мафијашка организација, шверц на дрога, обложување измама и перење пари, меѓу другите обвиненија. Според италијанските медиуми, меѓу приведените се и локални бизнисмени и политичари, вклучително и градоначалник и некои високи функционери.
Полицијата заплени недвижен имот и предмети во вредност од над 72 милиони евра. Ндрангета, чие седиште е во Калабрија, е една од најголемите италијанска мафијашка организација, која има доминантна улога во меѓународната трговија со дрога.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
