Во Италија повеќе од два милиони семејства се на работ на сиромаштија

Во Италија, 2,1 милиони семејства живеат на работ на сиромаштија, како резултат на повеќемесечните рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот, покажа студијата на Сенсис.
За време на блокадата во Италија, која траеше речиси три месеци, приходите на 15 проценти од Италијанците беа намалени за 50 отсто, на 18 проценти од работниците платите им биле намалени меѓу 25 и 50 проценти, а 33 отсто од нив имаат плата помала за една четвртина.
Уште потешка е состојбата меѓу лицата на возраст од 18 до 34 години, бидејќи повеќе од 20 проценти од нив се соочиле со намалување на приходот од над 50 отсто.
Луѓето кои пред пандемијата имале минимални приходи, како што се нелегални и нископлатени работници, беа многу тешко погодени од рестриктивните мерки во Италија.
Сенсис наведува дека повеќе од еден милион семејства зависат исклучиво од нередовна или сезонска работа, што е околу 4,1 процент од вкупниот број на семејства во Италија, од кои третина, или 350.000, се странски државјани.
Ново на Сител
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
