Во Истанбул се апсат нерегистрирани мигранти

Строгите мерки преземени против нерегистрираните мигранти во Истанбул во изминатите две недели резултираа со 6.000 апсења, вклучувајќи и Сиријци, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи Сујлеман Сојлу.
Во последниве денови во турската јавност се појави загриженост поради извештаи дека стотици сириски бегалци биле испратени назад во Сирија, откако биле принудени да потпишат формулари за согласност на турски јазик, кој не го разбираат.
Сојлу ги негираше ваквите обвинувања.
– Ние спроведуваме операција од 12 јули … Уапсивме 6.122 луѓе во Истанбул, вклучувајќи и околу 2.600 Авганистанци, рече тој и додаде дека Сиријците биле дел од оваа група, но не кажа повеќе детали.
Во Турција има повеќе од 3,5 милиони сириски бегалци, што е најголем број од која била земја во светот.
Повеќето имаат решение за „привремена заштита“, но тие се ограничени на провинцијата во која биле регистрирани. Најновите активни мерки се насочени кон оние кои живеат во Истанбул без дозвола престој во градот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
