Свет
10. August 2017 - 11:41

Во Ирак неработен ден поради високите температури

Ирачката Влада денеска објави неработен ден поради горештините. Одлуката е донесена откако температурите во државата достигнаа 50 степени Целзиусови.

Тоа е првото предупредување за опасни горештини издадени од властите ова лето.

Неработниот ден се однесува за сите вработени во јавниот сектор.

Ирачката Метеоролошката служба предупреди дека денеска во голем дел од земјата температурата на воздухот ќе се искачи над 51 степен.

Минатата година температурите достигнаа 51 степен во Багдад и 53 степени во Басра. Тоа ги натера властите да објават задолжителен дводневен одмор.