Во Индонезија насукани 45 китови, три преживеале
Само три од 45 китови денеска го преживеаја масовното насукување во плитките води на индонезискиот остров Мадура, во провинцијата Источна Јава, соопштија индонезиските власти.
Волонтерите и локалните власти успеале да вратат во морето три пилотски китови од плажата Модунг.
Гувернерот на провинцијата Источна Јава, Хофифа Индар Параванса изјави дека властите ги испитуваат причините за смртта, додека остатоците на угинатите животни ќе бидат закопани во близина на брегот.
– Волонтерите кои им помагаат на китовите да се вратат во океанот рекоа дека некои од нив повторно се вратиле на брегот затоа што нивните мајки сè уште биле насукани на плажата, рече Параванса.
Според веб-страницата „Whale Stranding Indonesia“, минатата година имало 59 вакви инциденти на брегот на Индонезија, во кои најмногу се насукувале дугонзи и делфини.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид