Во Индија усмртен тигар кој убил девет лица
Индиската полиција усмрти тигар што уби најмалку девет лица во областа Чампаран во сојузната држава Бихар. Тигарот, инаку тригодишен мажјак, бил убиен во потера во која биле вклучени околу 200 полицајци и окружни службеници.
Нападите се случиле кај резерватот за тигри „Валмики“. Директорот на резерватот изјави дека потрагата по тигарот, именуван како Т-104, почнала во саботата, откако во напад загинаа мајка и дете. Кумар Гупта, главен чувар на дивиот свет во областа, за „Тајмс оф Индија“ изјави дека тигарот бил означен како опасен по човечкиот живот.
– Обидите да се смири животното беа неуспешни и тигарот покажа целосен недостаток на страв кога бил опкружен со тимовите, изјави Гупта.
Според податоците на индиската Влада, објавени 2019 година, тигрите во напади убиваат меѓу 40 и 50 луѓе секоја година. Индија е дом на повеќе од 70 отсто од тигрите кои живеат во дивина, но земјиштата за тигри во државата не се доволни за да се смести целата нивна популација, која е во пораст. Затоа, како што објаснуваат некои познавачи, се случува движење кон областите населени со луѓе.
Ново на Сител
-
Состојба на патишта
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот