-->
-->
Во Индија најмалку 89 луѓе, од кои 17 деца, позитивни на вирусот Зика
-->
Најмалку 89 лица, меѓу кои 17 деца, се позитивни на вирусот Зика во индискиот град Канпур, соопшти денеска здравствениот оддел на тој град.
За прв пат откриен во 1947 година, вирусот Зика кој го пренесуваат комарците, достигна епидемиски размери во Бразил во 2015 година, кога илјадници бебиња беа родени со микроцефалија, нарушување што предизвикува бебиња да се раѓаат со ненормално мали глави и неразвиен мозок.
– Има зголемување на бројот на случаи на вирусот Зика и здравствениот оддел формираше неколку тимови за борба против ширењето на болеста, изјави доктор Непал Синг, главен медицински службеник во областа Канпур во најнаселената индиска држава Утар Прадеш.
Првиот случај на Зика во индустрискиот град Канпур беше откриен на 23 октомври, а бројот на заболени се зголеми во текот на изминатата недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Џокер 2“ со седум номинации за „Златна малина“
-
Путин повторно го именува Игор Краснов за главен обвинител на Русија
-
Одбележани 24 години од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски
-
Дваесет и две американски сојузни држави го тужат Трамп поради укинување на правото на државјанство по раѓање
-
Скопје -Женева и Скопје - Париз, две нови линии од скопскиот аеродром
-
Импровизирана кукла со ликот на Маск обесена на плоштад во Милано
-
Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга