Во Идризово откриен тунел за бегство на затвореници со високи казни
Тунел долг 60 метри во затворениот дел од затворот Идризово утрово бил откриен во координирана акција помеѓу безбедносните служби и затворската полиција, потврдуваат за Сител од Управата за извршување на санкции.
Неофицијално тунелот служел за бегство на неколку затвореници од затворот Идризово. Се копал 4 до 5 месеци и во него биле поставено потпорни греди и осветлување со помош на струен кабел.
Акцијата била спроведена по добиени претходни сознанија за ваквата активност на затворениците. Во моментов во затворот Идризово се прави увид на тунелот и како се успеало да се направи ваков голем зафат во рамките на затворот.
Директорот на затворот Шпенд Тахири не одговара на телефонските повици од новинарските екипи, но за него последните информации се дека треба да биде сменет од оваа позиција како дел од новата распределба по влезот на Алијансата во Владата.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари