Во Хрватска почнуваат со работа терасите на кафулињата и рестораните
Во Хрватска, од денеска, кафулињата и рестораните можат да ги отворат терасите и таму да ги послужуваат гостите, а можни се и тренинзи во затворени простории, но сето тоа според строгите епидемиолошки правила.
Како што најави во петокот шефот на Националниот штаб за цивилна заштита, министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ, сите угостителски објекти ќе можат да им служат на гостите на отворени тераси, истовремено почитувајќи ги епидемиолошките мерки, пренесува Индекс.хр.
Работното време е од 6.00 до 22 часот, а работа е дозволена само во отворени делови од угостителските објекти. Исто така, потребно е да се обезбеди растојание помеѓу гостите кои не се од исто домаќинство. Растојанието помеѓу столиците треба да биде најмалку метар и половина, а помеѓу масите најмалку три метри, рече Божиновиќ.
Можно е да се тренира во сите затворени простори, но со почитување на мерките. Во пракса, ова значи дека салите во кои се одржуваат тренинзи мора редовно да се проветруваат.
Максималниот број на луѓе кои тренираат во исто време е ограничен, така што не смее да има повеќе од една личност на 20 квадратни метри. Дозволено е само тренирање без контакт помеѓу спортисти.
Ново на Сител
-
Се одложи судењето за „Онкологија“, обвинета имала стомачен вирус
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор
-
Камен-темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“, ќе се отворат 200 нови работни места
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Преглед на вестите од светот
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија