Во Хрватска осомничени 13 лица поради перење на пари
Загребскиот жупаниски суд синоќа одреди 30-дневен притвор за 13 лица под сомнение дека со фиктивна продажба на злато испрале повеќе од 84 милиони евра.
Хрватската Канцеларија за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) соопшти дека организатори на групата се таткото и синот Анте и Лука Гале.
Меѓу 13. обвинети на кои им е одреден притвор и на Антонио и Пејо Ивиќ, кои се во бегство. За нив хрватската јавност дозна во текот на неделата, по кражбата на два килограми злато и 280.000 евра од седиштето на загрепската криминалистичка полиција.
Заменик-директорот на УСКОК, Саша Манојловиќ изјави дека истражниот судија во целост го прифатил предлогот на Канцеларијата за одредувањње на притвор на осомничените поради опасноста од влијание на сведоците и повторување на криминалното дело.
На главните осомничени Анте и Лука Гале одбиена им е кауција, а одбраната најави жалба.
- Организаторите на групата од мај 2014 година во Хрватска и во Италија се поврзале со другите во групата со цел да се стекнат со незаконска добивка преку работење со повеќе фирми и внесување на пари стекнати на криминален начин во легални финансиски текови, се наведува во соопштението на УСКОК.
Обвинителството се сомнева дека осомничените основале фирма само за да наплатуваат сметки од фирми од Италија за стока која не ја испорачувале.
Ново на Сител
-
Пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф
-
Одземени десет возила поради предизвикување голема бучава и диви трки во Скопје | ФОТО
-
Изграден нов дел од продолжувањето на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово
-
Два случаи на семејно насилство пријавени во Скопје
-
Никој нема да биде поштеден и за Ласкарци и за Беса Транс и за модуларната болница во Тетово, порача Мицкоски
-
МЗ: Пациент испишан од Љубљана, во странство остануваат да се лекуваат 68 лица
-
Со возило „Опел“ удрен 50-годишник на велосипед од Прилеп
-
Платата на просветните работници со раст од седум отсто, најави Мицкоски