Во Хрватска корона-редари контролираат носење маски
Во Хрватска, освен фактот дека на кафулињата и рестораните сега им е забрането да работат по полноќ, сите гости треба да носат маски насекаде, еден од новитетите е и корона-редари кои мора да обезбедат угостителските објекти, еден на секои 50 гости.
– Корона-редаритесе една од мерките, тоа се лица назначени од сопствениците на објектот, нивната цел е да ги спроведат мерките на властите. Сопствениците на угостителски објекти се должни од денеска да назначуваат корона-редари, објасни за нивната функција помошникот министер за внатрешни работи Дамир Трут за Ер-Те-Ел.
На прашањето за моменталната состојба со кршење на мерките, Трут рече дека биле идентификувани 16 прекршувања на мерките во 256 инспекции.
– Станува збор за непочитување на просторот и неносење или неправилно носење маски. Издадени се само предупредувања, рече Трут, додавајќи дека сите оние кои ги прекршуваат мерките на ХЗЈЗ може да бидат казнети, а има и казна за неносење маска.
– Сопственикот на објектот е должен да обезбеди спроведување на мерките во неговиот објект, тој мора да осигури дека гостите носат маски. Ако тие одбијат, односно ако не го сторат тоа, казната ќе ја плати сопственикот на објектот. Постојат казни, тие се пропишани со закон, додаде Трут.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
