-->
-->
Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус
-->
Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус.
Во Хрватска втор ден по ред нема нови случаи. Од вкупно 2.244 потврдени случаи, оздравеле 2.046 лица, а 101 лице починало. Во Хрватска активни се 97 случаи.
Досега се тестирани вкупно 63.682 лица, а во последните 24 часа 1.260 лица.
И во Словенија, во последните 24 часа, не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирус на 754 тестирани, а само девет лица со ковид-19 сè уште се наоѓаат во болница, објави словенечката влада.
Вкупниот број потврдени случаи од почетокот на епидемијата е 1.469. Во последните 24 часа починал еден пациент со што бројот на смртни случаи достигна 108.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кои државни институции го полнат буџетот?
-
Туризмот, образованието и инфрастуктурата - фокус на соработка со Обединетите Арапски Емирати
-
Преглед на вестите од светот
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот