Во Хрватска ден на жалост

Хрватската влада на седницата одржана во петокот попладне одлучи 21 декември во Хрватска да се прогласи за Ден на жалост поради трагичниот напад врз учениците и вработените во основното училиште „Пречко“ во Загреб.
Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на Република Хрватска на половина копје на сите објекти во кои се сместени државните органи и органите на единиците на локалната и регионалната самоуправа, како и зградите во кои се наоѓа седиштето или се наоѓаат дејности на правни лица, односно во кои физички лица вршат самостојна дејност.
На Денот на жалост не може да се одржуваат забавни програми, а правните лица кои вршат телевизиска и радио дејност треба да ја приспособат својата програма за одбележување на Денот на жалоста, особено со емитување програми кои по својата природа одговараат на одбележувањето на тој ден, потсетува Хина.
Младо момче вчера наутро со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во Основното училиште „Пречко“.
Еден загрепски основец го загуби животот, а пет лица се повредени – три деца и двајца возрасни.
На повредените им била укажана лекарска помош, а напаѓачот кој по нападот се обидел да се самоубие е уапсен.
„Станува збор за лице кое е пријавено поради психички нарушувања, дури пред околу една година се обидело да се самоубие. Значи, тоа што денеска се обиде да си го одземе животот покажува и дека е тешко да се каже дека лицето било психички избалансирано“, изјави министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
Ново на Сител
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебни обвинувања за лицемерие, луксуз и криминал
