-->
-->
Во Холандија уапсени петмина Албанци со 120 килограми кокаин
-->
Холандската полиција во пристаништето во Ротердам спречила шверц на 120 килограми кокаин, при што се уапсени петмина албански државјани од 27 до 43 годишна возраст.
Еден од уапсените Албанци при обид да побегне бил каснат од полициското куче трагач на дрога.
Дрогата била скриена во ранци кои биле ставени во контејнер со банани. Прво биле откриени 85 килограми, но по втората контрола во контејнерот полицијата го отркила и останатато количество на кокаин, чија вредност се проценува на четири милиони евра.
Дрогата, според полицијата пристигнала од Еквадор. Холандските медиуми, на кои се повикува порталот Албеу, наведуваат дека дрогата веднаш била уништена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?
-
Меѓународна потерница за Ковачевски, во земјава го чека 8 дневен притвор
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Лекарите предупредуваат: Внимателно со алкохолот
-
Сиљановска: Имаме право да веруваме во македонскиот сон
-
Мицкоски: Ја стабилизравме економијата – 2025 ќе биде уште подобра
-
Гаши: Да се обединиме околу европските вредности
-
Преглед на вестите од светот