Во Холандија судири меѓу демонстранти и полиција, 25 уапсени
Полицијата се судри со демонстрантите за време на денешните протести во Амстердам и Ајндховен, организирани против воведувањето карантин во Холандија.
Во Амстердам, силите за спроведување на законот употребија водени топови за да ги растераат демонстрантите кои се собраа на плоштадот опкружен со музеи.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како полицијата интервенира со водени топови против група демонстранти собрани во близина на зградата на музејот „Ван Гог“.
Полицијата во Ајндховен исто така употреби водени топови и солзавец против стотици демонстранти и преку звучници предупредуваше да се избегнува центарот на градот.
Засега нема информации за повредени, но полицијата соопшти дека се издадени над 3.600 казни за кршење на полицискиот час, како и оти 25 лица се уапсени за насилство.
Синоќа, за време на првата вечер од полицискиот час, демонстрантите запалија лабораторија за тестирање за коронавирусот во холандското рибарско село Урк и фрлаа петарди.
Видео објавено на социјалните мрежи покажува како огорчени млади луѓе влегуваат во лабораторија во Урк, која подоцна била запалена.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството