-->
-->
Во Херцеговина се излеаја реки, загрозени семејни куќи
-->
Неколку реки во Херцеговина се излеаја од коритата поради обилните врнежи дожд што паѓаа со денови, а најсериозна е состојбата во областа Чапљина, каде се поплавени дворови, патишта и земјоделски површини.
Неколку семејни куќи и помошни објекти лоцирани покрај реката Требижат се загрозени поради зголемениот водостој.
Оваа река се излеа во дворовите на семејни куќи и поплави неколку подруми, а поплавите се закануваат и на станбени згради.
Најлоша е состојбата во местото Струге, јужно од Чапљина, а водата доаѓа и во населените места Грабовине и Требижат, каде се поплавени земјоделски имоти, локални патишта, но и помошни објекти.
Обилни врнежи дожд се најавени и за следната недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега