Балкан
5. December 2020 - 18:12

Во Херцеговина се излеаја реки, загрозени семејни куќи

Неколку реки во Херцеговина се излеаја од коритата поради обилните врнежи дожд што паѓаа со денови, а најсериозна е состојбата во областа Чапљина, каде се поплавени дворови, патишта и земјоделски површини.

Неколку семејни куќи и помошни објекти лоцирани покрај реката Требижат се загрозени поради зголемениот водостој.

Оваа река се излеа во дворовите на семејни куќи и поплави неколку подруми, а поплавите се закануваат и на станбени згради.

Најлоша е состојбата во местото Струге, јужно од Чапљина, а водата доаѓа и во населените места Грабовине и Требижат, каде се поплавени земјоделски имоти, локални патишта, но и помошни објекти.

Обилни врнежи дожд се најавени и за следната недела.