Во Грција уловена опасна риба, чиј отров може да убие 30 луѓе

Во Грција беше уловена опасна риба, чиј отров може да убие 30 луѓе, објави електронското издание на грчкиот весник „Прото тема".
Рибата е фатена на островот Крит и е од видот лагокефал (Lagocephalus sceleratus). Уловениот примерок е со големина од околу половина метар, пренесува БТА.
Лагокефалот, кој се среќава источно од островот Крит, но и во други области на Грција, е вториот најтоксичен животински примерок на планетата. Тој е исклучителен предатор, претставува голема закана за екосистемот и е многу опасен за луѓето.
Рибата има отров што може да убие 30 луѓе и нема познат противотров.
Лагокефалот се среќава главно во Индискиот и Тихиот Океан. Во 2003 година, сепак се појави во Медитеранот и Егејското Море.
Доколку се конзумира пред да се отстрани делот каде е отровот тетродотоксин, може да предизвика респираторни нарушувања, проблеми во моторниот систем, мускулна парализа, па дури и смрт.
Ново на Сител
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
-

Бруно Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата
-

ЗОИ 2026 без допинг афера, прв пат по 28 години
-

По долго време се открива уште едно скриено богатство на Стоби - мозаик во Куќата на Партениј
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
