Loading Video...
Македонија
25. May 2021 - 16:36

Во Грција сепак не може да се патува со тест за антитела - Ова се истакнатите правила во регионот

Македонските граѓани можат слободно и без никаков дополнителен документ за КОВИД да патуваат само во Србија, Албанија, Косово и Црна Гора.

 За влез во Грција каде постои и најголем интерес за летување  најпрво сите патниците се должни најдоцна 24 часа пред да ја поминат границата да пополнат формулар за престој.

 Еден од условите за патување е сертификат за вакцинација на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа со  доказ дека се поминати најмалку 14 дена. Алтернативен услов е да приложат негативен резултат од PCR тест, не постар од 72 часа од сертифицирана лабораторија и преведен на англиски. 

Пред неколку дена проструи информација дека во Грција може да се патува со тест за присуство на антитела, но голем број граѓаните беа вратени од граница. Грчките власти информираат дека оваа опција не е можна за македонските државјани. 

Во соседна Бугарија условите се слични и правилата важат до крајот на овој месец. Македонските државјани можат да патуваат со документ за завршена вакцинација со 2 дози по 14 дена од примена втора доза. Документот треба да биде на латиница и да ги има сите потребни податоци дата на раѓање, датум на примени вакцини, името на вакцината. Другите начини се со  негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, неагативен антиген не постар од 48 часа и позитивен резултат од ПЦР или брз антиген за лица кои прележале КОВИД 19 за период од 15 до 180 дена. 

Во Словенија за влез се одобрува негативен ПЦР не постар од 48 часа, потврда за позитивен резултат постар од 21 ден но не постар од 6 месеци, потврда за  вакцинација со една или две дози а во зависност од типот на вакцина влезот ќе биде дозволен од 7 до 21 ден по имунизација. 

Доколку македоснките граѓани не поседуваат ништо од ова ќе им следи 10 дневен карантин во Словенија.  

За летување во Турција задолжително е да се приложи ПЦР тест не постар од 72 часа. 

Во Хрватска се признава негативен ПЦР , брз антигенски тест или  потврда за примени две дози вакцина но не порано од  14 дена пред влез во државата. Може да се влезе и со потврда за позитивен тест кој нема да биде  постар од 6 месеци. 

Граѓаните сепак се соочуваат со проблеми за да патуваат во овие земји. Некои со денови чекале да добијат сертификат за примени две дози вакцина од матичните лекари. Оние кои добиле позитивен тест од некоја од јавно здравствените установи се соочиле со проблем кога побарале документот да го добијат на англиски јазик. 

Од Министерството за здравство не прецизираат од кои лаборатории и на кој начин се добива преведен сертификат кој е признат во државите од регионот. Во одговорот стои:

 „Во земјава има 20 лиценцирани лаборатории. Сертификатите за вакцинација граѓаните може да ги подигнат од своите матични лекари .“