Во градежништвото се очекува зголемување на бројот на вработени

Раководителите на компаниите во градежништвото очекуваат вкупните порачки за градежни работи да останат на ниво од претходното тримесечје, а да се зголеми бројот на вработени во наредните три месеци, објави Државниот завод за статистика.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0,1 процентен поен во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 1,3 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.
Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2017 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2016 година. Оценката за сегашната состојба со порачки, односно договори на нивните деловни субјекти, како и оценката за финансиската состојба, се поповолни во однос на претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во првото тримесечје од 2017 година се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемени трошоци за материјали со 20,7 отсто, немање побарувачка со 17 проценти, конкуренција во сопствениот сектор со 10,6 отсто и неповолните временски услови со 10,1 отсто.
Ново на Сител
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
