-->
-->
Во Гостиварско со МРП вакцинирани 83 проценти од децата
-->
Во Гостиварско со МРП не се вакцинирани 350 деца од кои најголем број се од градот. Во училиштата вакцина не примиле 25 деца. Според здравствените работници, опфатот со вакцинација за првите три месеци од годинава достигнал 83 проценти, што е извесно подобрување споредено со минатата година. Од денеска почна и теренската имунизација.– Процентот на вакцинираните деца е зголемен, но тоа е незадоволително. Особено и заради фактот што процентот го подигаат здравствените пунктови, а во градот опфатот е и натаму слаб. Затоа апелирам до родителите да не потпаѓаат на антивакциналните кампањи, бидејќи вакцината е најбезбеден и најсигурен начин на заштита, велат од Одделот за имунизација во Здравствениот дом Гостивар.
Посочија дека добиле дополнителни количини на МРП вакцини и залихите се пополнети со вакцини од холандски производител. Од појавата на малите сипаници, во Гостивар регистрани се 25 заболени лица од различна возраст.
Појавата на морбили во Гостивар, здравствените работници ја објаснуваат и со опфатот со вакцинација минатата 2018 година, кој изнесувал 52 проценти. Од 822 деца кои подлежеле на вакцинација, лани имунизирани биле 431 дете и бил најнизок опфат во последните 40 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
