Во гостиварски општини гласаат 190.765 лица на 199 избирачки места
Според информациите од изборните комисии сите 199 гласачки места во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше се навреме отворени и досега не се пријавени проблеми.
Во општина Гостивар право на глас на предвремените парламентарни избори имаат вкупно 76.362 граѓани распоредени во 121 избирачко место. Во текот на вчерашниот ден, избирачки одбори посетија 156 гласачи кои се пријавиле за болни и немоќни и им овозможија да си го остварат правото на глас.
На подрачјето на општина Врапчиште во избирачкиот список запишани се 24.439 гласачи. Во оваа општина има 39 избирачки места, а вчера гласаа 28 кои беа пријавени како болни и изнемоштени.
Во општина Маврово Ростуште денес можност да гласаат имаат 8.964 граѓани на вкупно 39 избирачки места. Правото на глас вчера го искористија 34 граѓани.
Избирачките места во недела се отвораат во 7 часот наутро и гласањето трае до 19 часот навечер.
Ново на Сител
-
Аналитичари: Ако се укине балансерот, можни се турбуленции во политиката
-
Мајка и ќерка пронајдени мртви во тетовско Слатино
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Преглед на вести од светот
-
Мендух Тачи и официјално надвор од Европскиот фронт, ДУИ сè уште го бројат за нивен
-
Муртезани: Се бара ново решение за спорот со Бугарија со претставници од ЕУ, ќе биде обелоденето по бугарските избори
-
Лидерите од регионот порачаа: Европската унија не е целосна без Западен Балкан
-
Македонија се задолжи 500 милиони евра во Унгарија