Во Гостивар претставена дел од опремата која се користеше на воената вежба „Одлучен удар“.
Армиите на Република Северна Македонија и САД, попладнево пред граѓаните на Гостивар претставија дел од опремата и вооружувањето кое се користеше деновиве на воежа вежба„Одлучен удар“ во Криволак. На преставувањето присуствуваше и и министерката за одбрана Радмила Шекеринска придружувана од соработници и високи офицери на армијата.
Гостиварци на градскиот плоштад, попладнево имаа можност да видат повеќе видови на специјални возила и оружја, кои војниците на посебни штандови ги имаа изложени и објаснуваа дел од нивните карактеристики.
Според министрката Шеќеринска, вежбата во Криволак е доказ за беспкрекорната соработка со армиите на останатите земји од НАТО алијансата.
– Денеска, нашата и американската војска се гости во општина Гостивар како дел од најголемата воена вежба досега организрана во Република Северна Македонија. Во неа учествуваа над 2.700 војници од нашата земја, САД, Албанија,Бугариа, Црна Гора, Литванија кои сé уште работат во Криволак. Целта на вежбата не е да се покажат вештините и извежбаат знаењата, туку да се покаже и врските помеѓу нашата војска и граѓаните. Затоа сме со наши војници и официри присутни во повеќе општини, а во тоа ни помага и војската на САД, истакна Шекеринска.
Министерката рече дека со организација на оваа вежба докажавме дека сме го заслужиле местото во НАТО алијансата, а со брзите ратификации на голем број од земјите членки, потенцира таа, ја добивме и ја заработивме поддршката.
Вакви презентации според најавите ќе се одржат и во седум други градови во земјава и се дел од воената вежба која се одржа на 17 јуни на воениот полигон Криволак
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите

