Во Гостивар поставени канделабри со лед светилки во центарот

Гостиварската локална самоуправа синоќа ги промовираше новите канделабри со лед светилки, кои ќе придонесат за намалена потрошувачка на електрична енергија и поефикасно осветлување на градското јадро.
Градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта најави дека ова е само почеток на еден пообемен проект со кој се планира замена на старите светилки од јавното осветлуавње.
- Овие канделебари ги набавивме од Италија и се најсовремените кои ги има на пазарот и се последен збор на технологијата. Станува збор за 36 канделабри со вкупно 65 светилки со исклучителна ефикасност. Во скоро време ќе започнеме со поставувње на вакви светилки и на остатите столбови за јавно осветлување, рече градоначалникот Бејта на пригодната свечност.
За оваа инвестиција од општинската каса се издвоени три милиони денари.
Ново на Сител
-

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените граѓани зел околу 56.000 евра
-

Уапсени двајца кумановци барани по потерници, а осудени на седум, односно две години затвор
-

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
-

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
