Во Гостивар одбележан Денот на Европа и на победата над фашизмот

По повод Денот на Европа денеска во Гостивар беа организирани повеќе активности, а како гости беа амбасадорите на земјите од Вишеградската група.
Градоначалникот на општина Гостивар Невзат Бејта ги прими амбасадорот на Унгарија Иштван Ласло, заменик-амбасадорот на Чешка Јосиф Брож, а потоа заеднички ја проследија централната прослава која оваа година се одржа во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк" во Гостивар.
Во својот говор, градоначалникот Невзат Бејта, истакна дека Македонија им припаѓа на територијата на европскиот континент и дека тоа е правецот кој земјата ја води напред кон, просперитет, демократија, правда и еднаквост.
- Секоја земја има свои особености, обичаи, традиции и нивните обичаи и почитување на едни со други, човечкото општество има можност да се движи напред. Како доказ може да ни послужи Вишеградската група на земји кои десет години се полноправни членики на ЕУ, изјави градоначалникот Бејта.
Тој изрази уверување дека по надминување на политичката криза Македонија брзо ќе стане членка на ЕУ и НАТО.
Амбасадорот на Република Унгарија Иштван Ласло во своето обраќање пред присутните зборуваше за историјата на создавањето на Европската унија, додека позитивен пример за вклучување на земјите во Европската унија, изјави чешкиот амбасадор.
Дипломатските претставници денес во име на делегацијата на Европската унија во Скопје на истакнати ученици им доделија подароци, а на градоначалникот Бејта му беше врачен симболичен подарок за неговиот придонес во развојот на соживот.
Ново на Сител
-

Претрес на поранешниот ранч на Џефри Епстин во Ново Мексико
-

Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
-

Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“
-

Младиот тенисер Алексовски со победничкиот пехар во Солун
-

Алушовски: Барселона во фокусот, а Вардар во мислите
-

Уапсен гевгеличанец, возел со 2,35 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-

Мурињо за исклучување со Порто: Не сакав да ја шутнам топката кон нивната клупа, но мојата техника не е совршена
-

Чави го обвини Лапорта за неуспешниот трансфер на Меси во Барселона во 2022 година
