Во гевгелиско одбележан празникот Свети Трифун
Лозарите и винарите од општина Гевгелија со гозба, вино и музика денеска го слават празникот свети Трифун на лозовите насади во сите населени места каде што со своите семејства го направија вековниот адет на закројување на лозјето.
Традиционално, централната прослава на празникот се одржа во црквата „Света Петка“ во селото Прдејци, каде по завршувањето на свечената празнична литургија, во дворот на црквата се изврши чинот на симболичното закројување на лозјата.
Лозарите од општина Гевгелија истакнаа дека празникот им дава надеж за производство на богат род од кој годинава ќе точат квалитетно вино и веруваат оти закројувањњето на лозјата претставува обред во кој има и содржина затоа што е момент за оформување на идниот род.
Гевгелиските лозари веруваат дека „Свети Трифун“ е чувар на лозјата и другите посеви од разни штети и дека им е заштитник на лозарите и кафеанџиите.
Ново на Сител
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси