Македонија
19. April 2016 - 17:07

Во Гевгелија вечер хуманитарен концерт за Ивана Прочкова од Богданци

Градскиот мешан хор „Гординија“ од Гевгелија заедно со младинскиот мешан хор на гимназијата од Гевгелија, оркестарот на гимназијата од Богданци и училишниот хор на гевгелиското основно училиште „Крсте Мисирков“, вечер ќе одржи хуманитарен концерт под наслов „Повик за живот“, посветен за собирање средства потребни за операција на малата Ивана Прочкова од Богданци.

Организаторите упатија апел до гевгеличани и ги повикуваат уживањето во уметноста да го претворат во хуманитарна помош оти, како што велат тие, во денешно време повеќе ни е потребен хуманиот гест отколку на малата Ивана финансиските средства и дека со своите скромни и симболични донации треба да ја вратиме довербата на младите во човештвото.

Хуманитарниот концерт ќе се одржи во салата на Народниот театар во Гевгелија со почеток во 20 часот како дел од проектот на градскиот мешан хор „Гординија“ наречен „Времеплов на македонската хорска музика“.