Во Гевгелија се реализира проект за обезбедување дополнителни количини вода

Реализацијата на проектот за обезбедување на дополнителни количини здрава вода за пиење, на Гевгелија и населените места кои се снабдуваат со вода од регионалниот водовод наскоро ќе им го реши водоснабдителниот проблем, информира денеска градоначалникот Иван Франгов.
Франгов нагласи дека проектот за новите бунари кај Вардар е готов, дека општината ја затвори финансиската конструкција за обезбедување на потребните 1,5 милиони евра за негова реализација и оти најдоцна до крајот на оваа година ќе биде распишан и јавниот повик.
Покрај ова, Франгов посочи дека моментно во Гевгелија во фаза на реализација се неколку инвестициски проекти вредни 25 милиони евра, меѓу кои ги издвои пречистителната станица и втората фаза од изградбата на градскиот пазар и вети дека општината ќе продолжи да ги подобрува условите за живот на своите граѓани.
- Пред некој ден, на денот на ослободувањето, почна изградбата на сообраќајната инфраструктура на клучката кај Милци која ќе обезбеди предуслови за реализација на мултинаменскиот комплекс, а од позначајните зафати ни претстои реализацијата на втората фаза од изградбата на одводниот канал „Рауљ“ за што се одобрени 300.000 евра од ИПА програмата. Секако треба да се спомене и најголемата приватна инвестиција на австриската компанија „Новоматик“ за проширување на хотел-казиното „Фламинго“ која е во тек на реализација, рече гевгелискиот градоначалник Иван Франгов.
Ново на Сител
-

Продолжуваат обвинувањата за набавката на Леонардо хеликоптерите
-

АФД со предност од 10% преку ЦДУ/ЦСУ на федерално ниво
-

Преглед на вестите од светот
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
