Во Гевгелија се подготвува реализација на три капитални проекти во инфраструктурата
Општина Гевгелија распиша тендери за три капитални инфраструктурни објекти чија што реализација беше најавена уште на почетокот од годината со ребалансот на општинскиот буџет, соопшти општинската служба за односи со јавноста.
Првиот тендер, посочија од општината, се однесува на изградба на улицата „Свети Климент Охридски“, која претставува продолжување на гевгелискиот булевар, поточно негов западен крак, кој треба да излезе кај излетничкото место „Динќут“ и да претставува заобиколница за дислокација на товарниот сообраќај кој се одвива покрај училиште на улицата „Петар Мусев“.
Во првата фаза од изградбата на оваа улица долга 1.230 метри, се предвидува уредување на долен и горен строј по целата нејзина должина.
– Со вториот тендер бараме изведувач за новопланираната улица од кај мотелот „Вардар“ до ГП Богородица, со должина од 930 метри, која ќе овозможи по делницата од стариот автопат градот да се поврзе со изградените улици во месноста „Милци“ и Гевгелија да добие втор излез на автопатот Е-75, велат од општината.
Третиот тендер е за изградба на улицата „Александар Бел“ во населбата Мрзенски рид. Улицата е долга 850 метри, со два крака од по 110 метри, и треба да овозможи непречена сообраќајна комуникација на жителите од оваа населба во која веќе се изградени многу индивидуални станбени објекти.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен