Во Гевгелија продадени две градежни парцели наменети за објекти од лесна индустрија

Општина Гевгелија денеска по пат на електронско јавно наддавање ги продаде огласените две градежни парцели во месноста „Сува река“ наменети за објекти од лесната индустрија.
Во конкуренција на пет заинтересирани фирми кои учествуваа на аукцијата, сопственици на парцелите станаа градежната фирма „Нов Дом“ од Гевгелија и трговското претпријатие „Алди М плус“ од Гевгелија кои од почетните 61 денар за квадрат, парцелите ги купија по цена од 231 денар за метар квадратен.
Поголемата парцела со површина од 3.965 квадрати ја купи градежната фирма „Нов Дом“, а помалата со површина од 2.617 квадрати стана сопственост на гевгелиското трговско претпријатие.
Од одделението за урбанизам на општина Гевгелија најавија дека наскоро повторно ќе бидат огласени на продажба осумте парцели за индивидуални куќи кои не беа продадени на неодамнешното јавно наддавање.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
