Во Германија уапсени седум лица за криумчарење луѓе
Германската полиција денеска уапсила седум лица осомничени за криумчарење бегалци од Сирија во Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Германската полиција денеска објави дека меѓу уапсените е 48-годишен Германец од либанско потекло, кој ја предводел групата. Групата, во која имало петмина мигранти, е уапсена по полициска акција во 40 домови во покраините Северна Рајна Вестфалија и Сарланд.
Според полициските оддели и јавните обвинителства во Санкт Аугустин и Вупертал, во акцијата за апсење на групата биле ангажирани 200 полицајци, а при претресите биле пронајдени парични средства, мобилни телефони, компјутери, хард дискови, како и пасоши и возачки дозволи.
Уапсените се товарат за спроведување на 50 операции за криумчарење на 250 Сиријци. Секој од бегалците плаќал по 1.500 евра за да биде донесен со автомобил или минибус во Германија преку Австрија и Унгарија откако претходно ја минале „балканската рута“. Криумчарите со луѓе се соочуваат со затворски казни од седум години.
Ново на Сител
-
Најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка
-
Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства
-
Поради дефект без вода корисниците од плоштадот Македонија до Македонска пошта и ул. Орце Николов
-
Намалена видливост поради магла на планинските премини Ѓавато и Пресека
-
Променливо облачно со сончеви периоди, по котлините магла
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет