Во Германија уапсени седум лица за криумчарење луѓе
Германската полиција денеска уапсила седум лица осомничени за криумчарење бегалци од Сирија во Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Германската полиција денеска објави дека меѓу уапсените е 48-годишен Германец од либанско потекло, кој ја предводел групата. Групата, во која имало петмина мигранти, е уапсена по полициска акција во 40 домови во покраините Северна Рајна Вестфалија и Сарланд.
Според полициските оддели и јавните обвинителства во Санкт Аугустин и Вупертал, во акцијата за апсење на групата биле ангажирани 200 полицајци, а при претресите биле пронајдени парични средства, мобилни телефони, компјутери, хард дискови, како и пасоши и возачки дозволи.
Уапсените се товарат за спроведување на 50 операции за криумчарење на 250 Сиријци. Секој од бегалците плаќал по 1.500 евра за да биде донесен со автомобил или минибус во Германија преку Австрија и Унгарија откако претходно ја минале „балканската рута“. Криумчарите со луѓе се соочуваат со затворски казни од седум години.
Ново на Сител
-
Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите
-
Променливо облачно со сончеви периоди, со пораст на дневната температура
-
Основните минимални трошоци во јануари зголемени за 391 денар, за ССМ оправдано е барањето за зголемување на платите
-
ЕК размислува за целосна конфискација на замрзнатите руски средства, Белгија изразува резерви
-
11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп
-
Бајден: Ја напуштив функцијата, но не и битката
-
Пет впечатливи моменти од церемонијата на инаугурацијата на Трамп
-
Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари